My.Uacs
Log in to your account
Enter your email and password below to log in
Email address
Remember me
I agree to the  
I agree to the  
Terms and Conditions

Со означување на полето „Се согласувам“ и/или со користење на MYUACS, потврдувам дека ги прочитав, разбрав и во целост ги прифаќам сите правила, услови, политики, академски и административни процедури кои произлегуваат од користењето на системот.

  1. Потврдувам дека сите податоци, документи и информации кои ги внесувам во системот се точни, вистинити и целосни и дека сносам одговорност за нивната точност и законитост согласно важечките законски прописи.
  2. Потврдувам дека сите активности преземени преку мојот кориснички профил, вклучително и регистрацијата на предмети, изборот на студиска програма, поднесувањето барања, прикачувањето документи и другите електронски дејствија во системот, се извршени од моја страна и на моја одговорност, освен во случаи на докажан неовластен пристап за кој навремено е известен Универзитетот.
  3. Со регистрација на предмети, поднесување барања или преземање други активности преку системот, потврдувам дека сум запознаен/а со сите права, обврски и последици кои произлегуваат од таквите дејствија согласно правилниците, одлуките и актите на Универзитетот.
  4. Со оваа согласност потврдувам дека сум запознаен/а со правата и обврските кои произлегуваат од користењето на системот и дека електронското прифаќање има правно дејство и важност еднаква на своерачен потпис, претставувајќи валидна и обврзувачка изјава на волја.
  5. Се согласувам дека електронската согласност дадена преку системот може да се користи како валидна потврда за прифаќање на права, обврски, академски и административни одлуки, барања, изјави и други акти за кои Универзитетот предвидува електронско потврдување, под услов корисникот претходно да има пристап до содржината на документот, одлуката или актот што го прифаќа.
  6. Се согласувам да не го користам системот на начин кој може да ја загрози неговата безбедност, функционалност или интегритет, ниту да внесувам неточни податоци, малициозен софтвер или друга содржина спротивна на законските прописи и интерните акти на Универзитетот.
  7. Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ги измени или дополни условите за користење на системот, при што корисниците ќе бидат соодветно известени преку MYUACS.
Privacy Policy

Со означување на полето „Се согласувам“, давам изречна согласност на ПВУ Универзитет Американ Колеџ Скопје да ги користи, односно врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци сè додека за тоа има потреба, по што ќе бидат избришани/уништени согласно Законот за заштита на лични податоци.